Каде е најскап, a каде најевтин животот во Европа?

72

Цените на добрата за широка потрошувачка и услугите во државите членки на Европската унија доста се разликуваат, покажуваат податоците на Еуростат.

Животот е најскап во Швајцарија, а земјите од Европската унија, тоа е Данска, која има највисоко ниво на цени, дури 141% над просекот во унијата. Следни се Ирска и Луксембург со 136%, и Финска со 126%.

Најниско ниво на цени се бележи во Русија – 55% од просекот на ЕУ, потоа Бугарија со 56% и Полска со 58 %.

Резултатите се засновани на истражување на цените на повеќе од 2.000 различни добра за широка употреба и услуги и е спроведено во 37 европски земји кои учествуваат во програмата на Еуростат – ОЕЦД Паритет на куповната моќ.

Нивото на цени за ресторани и хотели во 2020 година била за три пати повисока во најскапите земји, отколку во најевтините. Цените се движеле од 46% од просекот во ЕУ во Бугарија, 53% во Романија и 56% во Будимпешта до 154% во Данска, потоа, 138%во Швајцарија и 131% во Финска.

Алкохолот и тутунот се на второто место по разлики во нивото на цена, со најниско ниво забележано во Бугарија, 61%, Унгарија 69 и Полска од 70%, а највисока во Ирска од 187%. Потоа следува Финска со 158, Шведска 136 и Франција со 133 проценти.

Облеката спаѓа во групата производи каде цените се разликуваат помалку меѓу земјите членки, се движат од 73% од просекот во Унгарија до 130% во Данска. 

Фото: Pixabay