Каде најчесто грешат младите претприемачи

30

Фото: Pixabay

Младите претприемачи кои почнуваат свој бизнис, често прават грешки што на крајот чинат време и пари. Еве ги најчестите.

Трошење премногу време на развој, а не на продажба

Повеќето млади претприемачи премногу време поминуваат во периодот на развој, пред воопшто да излезат нивните производи на пазарот. Преголемото доработување на прототипот и  грижата за патентирање на секој детал, се чести грешки, типични за младите луѓе. Никогаш не треба да се плашите да го изнесете вашиот најдобар моментален производ на пазарот и да го претставите на купувачите и да пробате да го продадете.

Не постои совршен производ, постои само завршен производ. Ако се трши премногу време на усовршување на производот без повратни информации од самите купувачи, тоа е изгубено време и губење на скапоцен извор на информации за начинот на кој производот би можел да се доработи.

Страв дека некој ќе ви ја украде идејата

Премногу млади претприемачи дозволуваат стравот да ги води нивните одлуки при влегување на нивниот производ на пазарот. Оние кои ќе кажат ,,не” на вашиот производ, едноставно ќе кажат дека нема поента или функција, додека оние на кои им се допаѓа ќе бидат преокупирани со фактот да ја украдат вашата идеја и да започнат бизнис на сметка на туѓа идеја.

Идеи има насекаде и не постои идеја од милион долари, туку бизнис од милион долари. Но, за да дојдете до пари, производот мора да се најде на пазарот и да се продава.

Сам свој купувач

Не сте клиенти самите на себе. Начинот на којшто вие би го користеле вашиот производ најчесто не е ист со начинот на кој би го користеле и другите потрошувачи. Тие се оние кои треба да одлучат за што ќе се користат производот и што сакаат да платат, а работата на младиот претприемач е да им го овозможи токму тоа. Ако еден производ не се продава, треба да направите поинаков.

Парите пред продажбата

Ако некогаш сакате да видите каде вашиот бизнис моментално се наоѓа, напишете мејл на блиските пријатели и во него опишете како планирате да го водите бизнисот во наредните две месеци. Ако во мејлот видите премногу “можеби” и “ако”, тогаш големи се шансите вие всушност да пишувате за проектот, а не за продажниот план.

Кога имате компанија што успешно продава, повеќе ќе зборувате за унапредување на продажбата и ќе барате начини како да добиете повеќе пари од неа. Прво треба да се осигурате дека парите “произведуваат” пари, а потоа да ги монетизирате сопствените идеи.