Каде завршува отпадот од ЕУ?

59

Во текот на минатата година, извозот на отпад од Европската унија во земји надвор од унијата достигна 32,7 милиони тони, што е зголемување од 75% од 2004-та година. За разлика од тоа, увозот на отпад од земји надвор од ЕУ е намален за 10% од 2004-та, а достигнувајќи 16 милиони тони оваа година.

Турција е најголем увозник на отпадот од ЕУ со околу 13,7 милиони тони во 2020 година, што е трипати повеќе одошто во 2004-та година. Втор најголем увозник на отпадот од ЕУ е Индија со 2,9 милиони тони отпад во 2020 година, по што следат: Велика Британија (1,8 милиони тони), Швајцарија (1,6 милиони тони), Норвешка (1,5 милиони тони), Индонезија и Пакистан (по 1,4 милиони тони).

Во текот на минатата година, извозот на метален отпад (железо и челик) од ЕУ достигна 17,4 милиони тони, што е 53% од вкупно извезениот отпад на земјите од европскиот блок.

Повторно, главна дестинација беше Турција со 11,8 милиони тони или 68% од вкупниот извоз на метален отпад од ЕУ:

Фото: Pexels