Како безбедно да одите по мраз

2

Екстремно ниските температури и снегот од улиците и тротоарите направија вистински лизгалишта. Одењето по мраз не е воопшто лесно и едноставно, но со почитување на неколку правила би можеле да си го олесните движењето во овие зимски услови.

Соодветни обувки

Рамните чевли или високите потпетици оставете ги дома и побарајте удобни и топли чизми со нерамен ѓон или крампони. Овие обувки ќе ви ја дадат неопходната стабилност на лизгавиот терен, а во исто време ќе ви биде топло на нозете додека сте надвор.

Ослободете ги рацете

Иако температурите се под нула, рацете стоплете ги со дебели ракавици. Избегнувајте да ги ставате рацете во џеб, бидејќи доколку се лизнете, побрзо ќе воспоставите рамнотежа. Ако паднете и ако рацете ви се слободни, ќе може да го ублажите падот и да не дозволите да скршите некоја коска на нозете и колковите, коишто потешко заздравуваат. Избегнувајте да носите кеси или тешки торби додека одите по замрзнат тротоар. Најдобро е потребните работи да ги ставите во ранец и да го носите на грбот, со што рамномерно ќе се распореди тежината.

Одење како пингвини

1

За да бидете постабилни додека се движите по снег или мраз, се препорачува таканаречениот широк од, што многу потсетува на движењето на пингвините. Обидете се телесната тежина да ја распоредите по целата површина на стапалото. Ако се движите по подлабок снег, прво треба да згазнете со пета, а потоа со прстите со што нема да дозволите да се лизнете.

Фото: Pixabay