Како безбедно и паметно да ја користите технологијата

34

Еден од поголемите предизвици на денешницата е технологијата и како истата паметно да се искористи. Во потрага по одговор како да бидеме “господари“ на дигиталните придобивки и да не дозволиме да ни го “преземат“ секојдневието, наидовме на следниве одговори:

Заштитете се

Не мора секој постојано да има пристап до вас. Дури и ако сте 24/7 онлајн заштитете ја вашата приватност. Не треба да бидете исцрпени од небитни разговори, пораки и мејлови – една од причините зошто не треба со секого да споделувате контакт податоци.

Одредете време за онлајн проверки

За да бидете вие “господар“ на технологијата, а не обратно, одредете: време кога ќе ги проверувате мејловите и онлајн известувањата. Така нема да ја прекинувате работата, слободното време, односно нормалниот тек на настаните.

Внимателно со апликациите

Од морето достапни апликации, реално ќе ви затребаат само неколку. Затоа, без непотребни инсталирања, кои и така зафаќаат огромен простор во меморијата на паметните уреди. Одберете ги само оние што навистина ќе ви требаат, односно ќе вршат одредена функција во ваша полза.

Бидете коректни

Доколку се наоѓате на некое мирно место предвидено за релаксација, одмор или пак ако седите на маса во ресторан, однесувајте се коректно и внимавајте на манирите. Оставете го телефонот, таблетот, лаптопот… Ако толку морате да се јавите на нечиј повик тоа нека биде сосема дискретно и кратко. Едноставно уживајте во опкружувањето и заборавате на технологијата, барем во тие моменти.

Фото: Pixabay