Како боите во деловниот простор влијаат на работата

84

boicki

Фото: Pexels

Доколку се прашувате која боја да ја одберете за вашиот деловен простор, добро е да знаете дека боите влијаат на емоциите, деловните цели и однесувањето.

Бојата на ентерирот може да влијае и на вашиот осет за топло и ладно. Портокаловата, црвената и жолтата даваат чувство на топлина, додека сината, зелената и виолетовата прават да чувствувате лажен студ. Така, според ова можете (донекаде) да заштедите на електрична енергија.

Зелената боја ја поттикнува креативноста

Ентериер каде преовладува зелената боја ќе ве поттикне да бидете креативни. Затоа доколку тоа е она што се бара во работата, не двоумете се да ја внесете оваа боја во вашиот деловен простор.

Црвената боја го намалува аналитичкото размислување

Кога луѓето гледаат во црвена боја, реагираат брзо и енергично, но таа енергија кратко трае. Токму поради тоа се намалува и аналитичкото размислување за кое е потребно подолга концентрација.

Сината е бојата на деловниот свет

Сината боја потсетува на небо и море и има моќ да опушта и смирува. Многу е популарна во уметноста и дизајнот. Таа е една од омилените бои во деловниот свет поради фактот што создава чувство на смиреност и опуштена атмосфера.

Внимавајте со жолтата боја

Жолтата боја до неодамна ретко се користеше во деловниот простор, поради верувањето дека нејзиното присуство предизвикува страв, вознемиреност, главоболка. Но, доколку се одберат вистинските нијанси, работниот простор ќе стане едно пријатно катче за работа, кое ќе ја зголеми концентрацијата и позитивно ќе ги стимулира нервите.

Портокаловата боја асоцира на квалитет

Голем број на компании својот ентериер го бојат во портокалова боја за да укажат на вредност и квалитет на своите производи/услуги. Портокаловата ве држи будни и истовремено создава чувство на помал простор. Се поврзува со амбиции и нови фази во животот.

Розовата ја намалува напнатоста

Слично како и сината, розовата боја опушта и смирува. Нијансата што експретите ја препорачуваат е Baker – Miller.

Белата боја нема продуктивен ефект

Во деловниот свет белата значи професионалност и елеганција. Сепак, таа нема да ве стимулира, напротив може само да ве направи конфузни и да ја намали концентрацијата.