Како да барате друга работа додека сте вработени

19

exit

Фото: Pexels

Барањето на нова работа и одење на интервјуа додека сте сè уште вработени може да биде незгодно, посебно ако не сакате вашиот работодавец да знае дека размислувате да го напуштите работното место. Важно е да бидете внимателни како ќе барате нова работа и кога ќе одите на интервјуа, а за тоа да не дознае работодавецот додека не сте подготвени да му соопштите, пишува The Balance.

Внимателно испланирајте го барањето на работа

Одвојте време и подгответе ги потребните документи што ви се потребни за аплицирање на друго работно место (кратка биографија, мотивационо писмо што може да го прилагодите за секое работно место, LinkedIn профил и препораки од претходни работодавачи.

Не барајте работа од службениот компјутер

Не го користете компјутерот на работа за барање на ново работно место, пишување на резиме и апликации за работни места.

Имејл адреса

Не ја користете службената имејл адреса кога барате работа, туку користете го вашиот личен имејл.

Телефонски број

Не го ставајте телефонскиот број од канцеларијата во којашто сега работите како ваш контакт во апликациите.

Не кажувајте на колегите

Не објавувајте на социјалните мрежи дека барате работа и не кажувајте им на вашите колеги. Ако дознаат вашите колеги поголема е веројатноста дека и вашиот работодавец ќе дознае.

Направете распоред за интервјуа

Испланирајте ги вашите интервјуа внимателно, за да не отсуствувате од актуелната работа. Побарајте слободен ден, така ќе можете да закажете повеќе интервјуа во ист ден.

Кога да известите

Не го известувајте вашиот сегашен работодавец сè додека не добиете формална потврда дека сте ја добиле работата.

Бидете внимателни како ќе дадете отказ. Ако сте внимателни, можете да ја напуштите вашата стара работа и да се движите напред без оттуѓување од вашите менаџери и колеги.