Како да бидеме задоволни со тоа што го имаме

36

Речиси и да нема човек кој не сака повеќе од тоа што го има, човек кој е задоволен од својот живот, од себе и од луѓето околу него.

Дури и оние луѓе кои важат за успешни и реализирани, не се сосема задоволни и сакаат уште… Дали тоа едноставно доаѓа од човековата природа или луѓето се текот на времето стануваат се понезадоволни?

Вака или онака не преостанува ништо друго туку да најдеме начин да го цениме тоа што го имаме, да не бидеме алчни, да не се споредуваме, да не завидуваме…

Во теорија е лесно, но во пракса е прилично тешко тоа да се оствари. Но, за да можеме барем малку да си помогнеме на себе си и да гледаме позитивно на случувањата, да го сакаме животот, треба…

Да веруваме во својата моќ

Тука сте, постоите. Не сте совршени, но се трудите да постигнете што можете во животот… Тоа е за пофалба. Продолжете понатаму и верувајте во својата моќ.

Да не бараме одобрувања од другите

Многумина се незадоволни и несреќни од причина што им недостасува одобрување од околината. Секој човек е приказна за себе и нема потреба да чекате зелено светло од некого за да ја започнете/исполните својата цел.

Да имаме разбирање 

Толку многу луѓе и толку многу карактери. Сосема е нормално да се биде различен, да се има различно мислење и став. Колку повеќе имате разбирање за различностите, за спротивностите толку позадоволни ќе бидете.

Да одвоиме време за себе си

Нема ништо лошо во тоа да сакаме да одвоиме време за себе, за своите потреби и мисли. Така подобро ќе можеме да видиме и почувствуваме каде сме, што сме постигнале и колку навистина сме среќни.

Да не размислуваме премногу

Илјадници работи ќе се случуваат околу вас, некои подобри некои полоши… Некаде ќе бидете и вие вклучени, некаде само ќе набљудувате…Без разлика за што станува збор, не анализирајте и не размислувајте премногу. Ако можете да делувате, сторете го тоа.

Да не држиме лутина

Оставете го тоа што било, фокусирајте се на тоа што може да биде. Обидете се да простите, да ги смирите односите со луѓето, да го пронајдете доброто во секој, затоа што навистина постои.

Фото: Pixabay