Како да бидете добри иницијатори

27

inicijativa

Фото: Pexels

Иницијативата и креативноста го движат светот. Тие поттикнуваат реализација на иновативни идеи во различни индустрии и придонесуваат за постојан развој. Секој сака во својот тим да има енергични професионалци кои се креативни и активни.

На луѓето им досадува еден постојан модел на однесување и имаат желба за промени. Но, промените не доаѓаат сами по себе, туку треба иницијатива за да се започне тој процес.

Постојано барајте нови решенија и поефикасен пристап. Идеите се бесценети. Добрите идеи никогаш не се отфрлаат бидејќи можат да го поправат начинот на работење. Овие неколку совети ќе ви помогнат да бидете поактивни и да преземете иницијатива на работа.

Понудете повеќе

Убаво е да се знае дека можете да ги завршите сите доделени задачи, но во тоа не сте единствени. На секојдневните задачи додајте уште една со којашто ќе можете да се истакнете и покажете во што сте најдобри.

Размислувајте како тимски играч

За да бидете тимски играч, мора да ги делите ставовите и мислењата со вашата компанија и колегите. Не можете да се посветите на нешто ако не сметате дека тоа е дел од вас. Секое достигнување на компанијата е и ваш успех, бидејќи така ќе напредува и вашата кариера. Со такво размислување ќе бидете подготвени да дадете сè од себе и да се потрудите околу најситните детали.

Секогаш бидете подготвени

Работете на себе и развивајте ги своите вештини. Бидете подготвени во секој момент да ја искористете шансата која ви се нуди. Мислете однапред, направете план за надминување на можните препреки за да ја остварите целта.

Споделувајте идеи и бидете упорни

Ако имате одлична идеја, слободно кажете ја. Секогаш има потреба од нови и свежи идеи. Споделувајте ги своите идеи со другите. Бидете упорни и не се откажувајте. Најдете начин во различни ситуации да ги промовирате своите идеи.

Прашувајте

Прашувајте ги колегите, покажете дека сте заинтересирани за тоа како функционираат работите. Набљудувајте како се одвиваат и извршуваат работите. Тоа ќе ви овозможи да добиете многу идеи. Единствен начин нешто да промените и доведете до повисоко ниво е да почнете да работите на тоа. Кога ќе размислите што тоа би значело за вас и какви придобивки ќе имате, преземањето на иницијатива делува како мал чекор што мора да го направите за да ги остварите свои идеи, во спротивно би “тапкале“ во место.