Како да бидете подобар лидер

31

penkalo-pixabay

Фото: Pixabay

Според најновите истражувања, 86% од вработените веруваат дека ако им се допаѓа однесувањето на претпоставениот, тие се попродуктивни. Затоа заборавете на строгост и вградете ги овие седум навики во вашата личност како лидер.

1. Бидете пријателски настоен

Ако одвоите момент да ги поздравите вработените и да им се обратите по име, да поразговарате за случувањта во нивните животи, ќе успеете да ја зголемите допадливоста како претпоставен. Бидете пристапни и достапни колку што можете повеќе. Одвојте време да им доделите комплименти на вработените и да ги прашате како им минува денот. Бидете трпеливи и запомнете дека треба да одвоите време за вработените, без разлика колку сте зафатени.

2. Бидете пристапни

Некои неверојатни идеи доаѓаат од предната линија на вработените, но ако повисоките нивоа не се пристапни за вработените, повеќето од овие идеи никогаш нема да излезат на површина. Поголема е веројатноста дека вработените ќе ги претстават своите идеи и потенцијални решенија на претпоставените, кога знаат дека тие го вреднуваат нивното мислење и сакаат да ги слушнат. Иако не секоја идеја ќе биде победничка, од ваш голем интерес е да ги слушнете луѓето. Покажувајќи им на вработените дека нивните мислења и идеи се важни за компанијата е прекрасен начин да се задржи на вашиот тим полн со енергија и среќен.

3. Бидете флексибилни

Во животот се случуваат непредвидливи нешта, па затоа што и да се случи треба да бидете флексибилни. Одлучете од кои правила ќе направите исклучок и одбегнете го стресот од малите нешта. Сфатете дека работите може да тргнат во погрешен правец и прифатете дека луѓето грешат. Понудете втора шанса, секогаш кога ќе можете. Бидете сигурни работата да биде завршена, но бидете и флексибилни кога се во прашање лични работи, време, сообраќај.

4. Бидете позитивни

Како што влијае негативната енергија на околината, така влијае и позитивната енергија. Додека негативните емоции имаат тенденција да создадат негативни резултати кај вработените и во целата организација, позитивните емоции им помагаат на вработените да се отворат кон нови опции и алтернативи. Бидете оптимист и луѓето кои работат со вас ќе имаат поголема шанса да реагираат на ист начин, правејќи ја работната средина здраво и конструктивно место.

5. Бидете сигурни

Треба да верувате дека вработените ќе ги извршат зададените работни обврски и тие треба да бидат сигурни дека можат да сметаат на вашата поддршка во добри и во лоши времиња. Не давајте ветувања што не можете да ги одржите, без разлика колку се мали тие. Вработените мора да ви веруваат, бидејќи нивната иднина е во ваши раце.

6. Бидете благодарни

Сите сакаат да знаат како ја завршиле работата, затоа дајте им фидбек. Пофалбата е исто важна како и критиката, а вие треба редовно да ги пофалите вашите луѓе за добро завршена работа. Како човечки суштества, ние потсвесно бараме пофалби во сите аспекти на нашите животи, вклучувајќи ја и работа. Покажете ја вашата благодарност на различни начини.

7. Бидете сочуствителни

Обидете се да се видите низ очите на вработените – дали ќе си се допаднете?  Ставете се себе си во “чевлите“ на вашите вработени и имајте сочувство за нивните обиди и страдањата, како и за нивните достигнувања и победи. За да имате искрено сочувство за вашите вработени можеби е потребен напор од ваша страна, но кога резултатите се добри, тогаш вреди трудот. Вашите луѓе ќе ве почитуваат како лидер, што ќе придонесе да се зголеми нивната лојалност и ефективноста во работата.