Инфлацијата во Хрватска повторно беснее: Цените продолжуваат драматично да растат, само една земја во еврозоната е полоша

Инфлацијата во Хрватска се зголеми во април. Според првата проценка на Државниот завод за статистика, таа изнесува 5,8 проценти на годишно ниво, а цените се зголемиле за 1,5 проценти на месечно ниво, во споредба со март, пишува HRT.

Цените на енергијата пораснаа најмногу, за дури 17,5 проценти, услугите за 8,2 проценти, а храната, пијалоците и тутунот за 3,5 проценти.

Да потсетиме дека во март годишната стапка на инфлација изнесуваше 4,8 проценти.

Во однос на инфлацијата, Хрватска е сè уште на врвот на Еврозоната, веднаш по Бугарија.