Како да бидете подобри од конкуренцијата

21

Фото: Pixabay

Неколку трикови со коишто ќе ја “засените“ конкуренцијата.

Запознајте ги

За почеток мора да ја “запознаете“ конкуренцијата, да видите на кој начин тие работат и што точно нудат. Без тоа нема да знаете како да постапите и кои тактики да ги употребите за клиентите да ве одберат вас.

Уникатност

Треба да поседувате нешто уникатно, единствено, нешто што ќе ве направи поинакви од сите слични бизниси на пазарот. Ако во ништо не се разликувате од конкуренцијата клиентот ќе ја одбере понудата со пониска цена. Во зависност на која индустрија и припаѓате, разгледајте каде, како и со што можете да се истакнете, а потоа ставете го акцентот токму на тоа што ве прави единствени.

Иновација

За да имате успешен бизнис треба да бидете иновативни, односно да им понудите на луѓето решение (производ или услуга) кое само по себе е ново и интересно. Не мора да измислувате нешто од почеток, доволно е да дадете нов пристап, ново значења на нешто постоечко, Starbucks не го измисли кафето, но понуди едно поинакво искуство на неговите уживатели.

Целна група на купувачи

Ако добро знаете која е вашaта целна група на корисници/купувачи тогаш ќе развиете подобра маркетинг стратегија, производ или услуга, коишто ќе ве одвојат од конкуренцијата и ќе ви ги донесат клиенtите “пред врата“. Така секогаш ќе можете да им излезете во пресрет и да одговорите на нивните барања подобро од другите.

Стратешки сојуз

Откако сите останати работи ќе бидат средени тогаш можете да побарате и стратешки партнер во бизнисот . Тоа можат да бидат продавачи или компании кои би понудиле комплементарни услуги. Ова може да ја зголеми вашата понуда, а со тоа и клиентите.