Како да бидете поефикасни и одморени

22

pauza

Фото: Pixabay

Напорното работење многу лесно може да ни премине во навика. Понекогаш е тешко да престанеме да размислуваме на работните обврски и по работното време, дури и за викендите. Доколку работите напорно и континуирано размислувате за работните обврски, ќе ви препорачаме пет совети како да работите попаметно, да бидете поефикасни и одморени:

1. Правете паузи

Просечниот човеков мозок е во можност да остане фокусиран 90 минути, а потоа му е потребна пауза од 15 минути. Повремените паузи му овозможуваат на умот и телото да се релаксира и ревитализира.

2.  Дремете во текот на денот

Истражувањата покажуваат дека дремките ја подобруваат когнитивната функција, креативното мислење и меморијата. Во пракса дремките помагаат во процесот на учење, бидејќи ја восприемаме информацијата подобро. Исто така дремката во текот на денот ни овозможува да не го оптовариме мозокот со многу информации.

3. Поминете време во природа

Прошетките во природа ќе ви овозможат целосна релаксација на мозокот и ќе ви помогнат да останете повеќе фокусирани на работното место.

4. Работете на различни места

Доколку вашата работа не е во канцеларија, тогаш можете да работите на повеќе места. Одберете разни кафулиња и одредете си задачи за секое поединечно. Извршувањето на работите задачи ќе ви претставува задоволство, а промената на локацијата ќе ве инспирира. Монотонијата на работното место може негативно да влијае на креативноста и мотивираноста кај личноста.

5. Проверете си ја електронската пошта

Првата работа што треба да ја направите на вашето работно место е да ја проверите електронската пошта. Во соверемената бизис средина, луѓето работат во различни периоди во денот и затоа треба да се информираме за новонастанатите ситуации. На тој начин ќе бидеме во тек со настаните и ќе можеме подобро да го испланираме времето и извршувањето на работните обврски.