Како да бидете продуктивни кога сте под притисок

40

stresss

Фото: Pixabay

Кога почнувате сопствен бизнис, се наоѓате под постојан притисок. Кога сè е приоритет, како да останете смирени и да ги завршите сите задачи на време?

Клучот е во тоа да се справите со нивото на стрес и да останете мотивирани и тогаш кога не сте, затоа што кога ќе дозволите стресот да ве надвладее, веќе не сте во можност да размислувате критички, вели Шерон Мелник, бизнис психолог и автор на книгата Успех под стрес (Success Under Stress). Мелник открива неколку алатки и техники како да останете “со ладна глава” дури и под хаотични околности во вашиот професионален живот.

1. Научете да одредувате приоритети

Ова не е толку лесно како што звучи. Повеќето од нас имаат повеќе приоритети и сите тие се чинат итни. Мелник сугерира дека најдобрата стратегија да дознаете кои се вашите вистински приоритети е преку процес на комуникација.

Определете време редовно да размислувате за вашите дневни задачи и одговорности и да одлучувате за она што е најважно да направите за да останете во чекор со промените во вашата област и да еволуирате во вашата експертиза.

2. Практикувајте “монофокус” наместо мултитаскинг

Според Мелник, повеќето од нас мислат дека ќе добијат повеќе ако работат неколку работи одеднаш, но вистината е дека така всушност не сме во можност вистински да се фокусираме на нашите задачи. Така не сме ефикасни и фокусирани сегогаш кога треба да преминеме од тема на тема или од проект на проект. Мултитаскингот може да направи некоја задача да ја завршите за 30% повеќе време отколку кога би и се посветиле само на неа, а притоа ќе направите двојно повеќе грешки.

3. Не бидете достапни во секое време

Во текот на денот често не прекинуваат додека работиме нешто. Всушност, Мелник вели дека во просек работниците во канцеларија обично се прекинати седум пати на час, околу 56 пати секој ден, со што се трошат неверојатни 2,1 часа дневно. Доколку дозволите да ве прекинат додека работите, тогаш посветете и целосно внимание на причината и решете ја веднаш, за да не ве прекинат повторно подоцна. Ако не сакате да ве прекинуваат, исклучете ги нотификациите за електронска пошта и ставете го мобилниот на тивко.

4. Идентификувајте на што губите време

Откријте на што точно непотребно трошите време и зошто го правите тоа. На пример, ако сурфате на интернет, запрашајте се зошто го правите тоа? Затоа што ви е досадно? Или барате инспирација за нова идеја? Кога ќе ги откриете вистинските причини за овие непродуктивни навики, ќе почнете да ги избегнувате и ќе станете попродуктивни.