Како да бидете забележани на работното место

16

unique-2032274_960_720

Фото: Pixabay

Ако сакате да покажете што знаете и умеете, но не сте сигурни како да го направите, следниве неколку совети ќе ви дадат вистинска насока.

Преземете иницијатива

Одличен начин да бидете забележани во компанијата е да земете проект во ваши раце што сите го одбегнуваат, а сепак мора да се заврши. Така ќе покажете дека сте личност која не се плаши од обврски.

Бидете блиски со колегите

Запознајте ги колегите и потрудете се да се чувствуваат пријатно во ваша близина. Бидете од помош каде што ќе треба, штом еднаш ќе го скршите мразот, нема да се чувствувате нервозни да започнете разговор.

Учествувајте во активности надвор од канцеларијата

Не ги одбегнувајте активностите и дружењата надвор од работниот простор. Токму тие се одлична прилика да се поврзете со останатите и на едноставен начин да покажете што знаете и умеете.

Придонесете за бизнисот

Секоја компанија се соочува со тешки моменти. Ако понудите решение за кризата ќе освоите симпатии  од колегите и сигурна позиција, без разлика за што сте биле примени на почетокот.

Бидете тимски играч

Морате да знаете да работите во тим. Понекогаш ќе се истакнете, понекогаш ќе бидете во сенка. Сепак, најважно е да сте тука за останатите членови и да помагате секогаш кога ќе треба.

Кажете го вашето мислење

Ако навистина имате што да кажете, не двоумете се. Кога имате состаноци не се кријте зад останатите членови од тимот. Слободно излезете од комфорната зона и споделете ги идеите со сите.

Извор: Forbes