Како да добиете добри препораки за следното работно место

45

Препораките за работа можат да значат многу кога аплицирате за ново работно место. Затоа, од клучно значење е да се најдат вистинските луѓе.

Еве кого и како да прашате за препорака.

Вистинската личност

Сигурно сакате личноста која ќе ги даде препораките да каже убави зборови за вас, како човек и професионалец. Од друга страна, пак, не сте сигурни што тој/таа навистина мисли за вас. Доколку чувствувате дека ја имате вистинската личност за препораки, директно побарајте ја услугата од неа. Друг начин е да приложите ваше резиме со нагласени делови за коишто сакате да добиете позитивни препораки како и деталите за позицијата за којашто аплицирате. Ако не сакате сето ова да дојде до работодавачот, може да замолите и поранешни претпоставени или колеги кои веќе не работат во компанијата.

Споменување на имиња

Не споменувајте ничие име пред да добиете дозвола. Во спротивно, може да испадне непријатно за сите од повеќе причини. Не знаете со сигурност дали таа личност е во добри односи со компанијата за којашто аплицирате.

Како да кажете НЕ

Може и вие да се најдете во ситуација да давате препораки. Во таков случај имајте на ум дека вашиот кредибилитет е во прашање и дека не сте обврзани да кажете ДА на секоја молба. Ако личноста инсистира едноставно одговорете дека не ја познавате неговата/нејзината работа доволно добро и не се чувствувате компетентни да давате препораки. Некои компании имаат и свои правила за ова прашања, па задолжително проверете што е дозволено, а што не.

Фото: Pixabay