Како да ги “истуркате” првите три месеци на новото работно место

22

race-nagore-pixabay

Фото: Pixabay

Првите неколку месеци се најкритични кога станува збор за ново работно место. Честопати се случува тоа да биде еден вид пробен период во кој ќе се оценуваат вашите способности како вработен.

Еве неколку совети како полесно да се прилагодите на новата средина и како да оставите добар впечаток.

Една од основните работи кои мора да ги разберете е дека во компанијата се мери успехот на вашиот менаџер и дека треба да ги изедначите своите интереси со интересите на вашиот претпоставен.

Освен тоа што темелно ќе ги завршувате работните задачи, корисно е понекогаш да седнете со некој од колегите на кафе, со цел да разберете како се мери нивниот успех.

Многу е важно брзо да се пронајдат центрите на моќ во компанијата како и добро да се запознаете со нејзината историја и тоа што го нуди, со тоа што било навистина успешно, но и со она што било целосна утка.

Пробајте да не се импресионирате лесно во новото окружување и понудете се да архивирате се што е потребно да се архивира, затоа што така ќе имате можност да запознаете многу луѓе од компанијата и да соберете корисни информации.

Кога ќе се соочите со задача што никој друг не сака да ја заврши, дознајте зошто е тоа така пред да ја прифатите истата.

Секогаш гледајте ја големата слика за да разберете како компанијата заработува пари и колку вие придонесувате за тоа.

Своите задачи извршувајте ги на време за да се здобиете со доверба кај шефот. При тоа водете сметка за тоа како го користите вашето време додека сте на работа.

Преземете иницијатива и гледајте редовно да имате состаноци со вашиот претпоставен.

Доколку вашиот учинок не ги задоволува очекувањата на шефот, проверете на што најмногу сте изгубиле време минатата недела.