Како да ги мотивирате вработените?

103

gradeznik

Фото: Pexels

Најлесно е да помислите дека парите се единствениот начин да се наградат и мотивираат вработените. Сепак, постојат и други начини кои можат да делуваат помотивирачки отколку парите.

Еден од најдобрите начини за мотивација е да им се даде поголема слобода на вработените, односно самите да одлучуваат како ќе ги извршуваат работните задачи.

Луѓето навистина сакаат кога имаат можност да ги контролираат работите и начинот на кој го поминуваат работниот ден. Секако, вие ја поставувате крајната цел, но им давате можност истата да ја постигнат како најдобро знаат и умеат.

Исто така, вработените треба да ја добијат заслужената пофалба за секој постигнат успех. Признат и пофален труд од страна на претпоставениот значи многу. Тоа дава дополнителна мотивација и останува запаметено.

Вработените сакаат флексибилно работно време и слободни денови. Тие можат да ја зголемат мотивацијата. Понекогаш, слободното време поминато со луѓето кои ги сакаат не се споредува со паричниот надоместок.

Дури и мали гестови како слободен ден, на пример, за роденден или некоја друга прослава, ќе придонесат многу за еланот на вработените.

Ова го потврдува и едно истражување спроведено од Amarach Research за потребите на Microsoft според кое, слободното време поминато со семејство и пријателите е исто толку важно како зголемување на платата.

На мотивацијата добро делува и кога вработените се запознаени со целите на компанијата и насоката во која се развива бизнисот. Тоа е одличен начин да се изгради здрава и позитивна работна атмосфера. Така никој нема да се чувствува исклучен од случувањата и сите ќе имаат иста мисија.

Осигурете се дека вашата компанија е место во кое вработените сакаат да работат.  За тоа можат да придонесат работните услови во канцеларијата, организирање на разни социјални настани, дружења и слично.

Вработените ќе бидат благодарни и ќе имаат можност за развивање на поинаква комуникација надвор од работното место, што ќе делува мотивирачки.

Не заборавајте самите да бидете добар пример. На растечкиот бизнис му треба посветена група луѓе која ќе даде сè од себе за постигнување на целта. Навистина е важно да ги вработите вистинските луѓе, но уште поважно за вас како претприемач е да тие да ја делат вашата визија.