Како да ги мотивирате вработените

387

motivacija

Фото: Pixabay

Сите ние сакаме да бидеме мотивирани и како преприемачи секогаш ни се допаѓа идејата да можеме да ги мотивираме другите. Сето тоа е добро во теорија, но не секогаш доволно јасно како да се постигне во брзо движечка бизнис средина. Што би можел да направи во оваа ситуација еден зафатен претприемач?

Традиционалните методи, како што е на пример зголемувањето на платата, покажуваат мешани резултати. Ако поголемата плата не ги мотивира вработените, тогаш што би можело да ги мотивира?

Науката ни кажува дека внатрешната мотивација, големиот интерес и уживање во работните обврски е всушност тоа што го движи нашето задоволство на работа.

Генерално постојат три клучни мотивациони поттикнувачи: автономија, квалитет и цел во работата.

Најчестиот проблем е во тоа што повеќето од луѓето не знаат како да ја поттикнат нивната внатрешна мотивација, а уште помалку се во можност да го побараат тоа од нивните претпоставени. Од друга страна пак, кога претпоставените се обидуваат да мотивираат, може да изгледа дека вршат притисок, кој најчесто се игнорира отколку што инспирира.

Сепак, главната цел на претпоставените е да мотивираат, онолку колку што можат за да ја направат работната околина поквалитетна. Нивната задача е да бидат катализатори.

Затоа постојат неколку едноставни прашања што би можеле да ја направат мотивацијата на вработените возможна. Поставете ги овие прашања на вашиот тим еднаш месечно и оддржувајте редовна комуникација со главна тема – мотивација.

1. Кое беше вашето највозбудливо работно искуство во изминатиот месец и зошто?

2. Дали мислиш дека во моментот ја имаш идеалната работна позиција? Доколку тоа не е така, кои промени треба да се донесат за да се зголеми твоето задоволство, а истовремено бизнисот да има бенефит?

3. Дали чувствуваш дека нашата мисија и визија ја зголемуваат твојата мотивација? Доколку тоа не е така, кажи што би те мотивирало и како тоа би влијаело на мисијата на бизнисот?

Искористете ги овие прашања како катализатор при конверзација со вашите вработени. Дајте им до знаење на вработените дека е во ред да се чувствуваат недоволно мотивирани и дека едниствен начин да се надмине тоа е преку взаемна комуникација. Дајте им до знаење дека вие секогаш сте отворени за комуникација и секогаш пофалете ги за добро извршените работни задачи. Охрабрете ги барем еднаш месечно да дојдат кај вас со нови идеи за подобрување на нивниот интерес и мотивација за работата. Побарајте од нив да предложат нови идеи и проекти, кои би придонеле за подобрување на работењето на фирмата.

Ако некој вработен е континуирано демотивиран и разочаран, за брзо време и на двајцата ќе ви стане јасно дека не е соодветен за работата. Сепак конверзацијата со вработените придонесува за нивната мотивација и продуктивност на работното место, што на крајот од денот, тоа е и вашата цел.