Како да ги освоите симпатиите на вашите претпоставени?

71

sl

Фото: Pixabay

Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат полесно да ги освоите симпатиите на вашите претпоставени.

Исполнете ги очекувањата

Прво и основно вашиот претпоставен ќе бара од вас успешно да одговорите на работните задачи. Разговарајте отворено во врска со крајните рокови и природата на самата задача, така ќе имате поголема шанса за поуспешно да одговорите на очекувањата.

Комуницирајте

Без разлика дали станува збор за усна или писмена комуникација, разменување на идеи или било каков вид на пораки, комуникацијата со вашиот шеф/шефица е од клучно значење. Добрите комуникациски вештини придонесуваат да звучите професиоално и одговорно.

Прашувајте

Не се воздржувајте кога станува збор за поставување прашања. Слободно прашајте се што ве интересира околу одредени детали за некој проект, стратегии или имплементирање на нова задача. Претпоставените секогаш сакаат да слушнат дека некој особено се интересира за работата.

“Полирајте” ги вештините

Како што технологијата оди напред, така морате и вие да бидете во тек. Вашите претпоставени ќе очекуваат да бидете во чекор со новите достигнувања, што е всушност и задача на секој професионалец.

Бидете позитивни

Многу е важно да останете позитивни во стресните работни денови кога се оди наопаку. Така ќе покажете дека сте силни и во тешки ситуации и ќе освоите позитивни бодови и кај шефот/шефицата и кај колегите.

Бидете дел од тимот

Да се биде еден важен дел од успешен тим е карактеристика што секој работодовач ја сака кај своите вработени. Затоа токму вие бидете таа алка која најмногу придонесува за одличната работа на тимот.

Покажете флексибилност

Промените се неизбежен дел од животот. Затоа кога ќе се случат на работното место, бидете флексибилни, адаптирајте се што е можно побрзо. Тоа ќе биде уште еден поен плус за вас во оценката од претпоставените.

Бидете различни од другите

Малите нешта како раното пристигнување на работа, наоѓањето ефикасни начини успешно да се заврши работната задача и слично, ќе придонесат за вашата добра репутација како кај колегите, така и кај претпоставените.