Како да ги привлечете талентите

71

ribolov

Фото: Pixabay

Привлекување на талентирани луѓе е еден од најголемите предизвици на менаџерот за човечки ресурси. Истражувањата покажуваат дека моќта во голема мера се префрли од работодавачот на кандидатот. Тоа значи дека сега повеќе се посветува внимание на креирање на можности во компанијата што би ги привлекле и задржале големите таленти.

Затоа стратегијата за нивно привлекување треба да содржи неколку компоненти:

1. Истражете го пазарот и дознајте каде потенцијалните таленти го бараат своето следно работно место. Не треба само да се фокусирате на остварување контакт со луѓето кои активно бараат работа, туку трудете се да откриете каде моментално се наоѓаат оние најдобрите.

2. Запознајте ја конкуренцијата и тоа што го нудат. Каде што е потребно, зголемете ја вредноста на тоа што кандидатите ќе го добијат, било да е тоа финансиска или нефинансиска награда.

3. Бидете транспарентни и вистински посветени кон тоа, односно бидете искрени и отворени за она што можете да го понудите.

4. Барајте фидбек за вашата стратегија на привлекување на таленти за да дознаете што функционира добро, а што треба да се промени.

5. Добро осмислена вредност што вработените ќе ја добијат е од клучно значење. Флексибилност, овозможување на добар баланс меѓу работата и приватниот живот, можност за патувања и надоградувања се обично на списокот на талентираните кандидати. Затоа вашата компанија треба да биде доволно добра за да ги задоволи нивните очекувања.

6. Создадете потенцијална мрежа користејќи ги социјалните медиуми и технологијата, како и настаните за вмрежување. Што побрзо ги запознаете талентите со вашата понуда, толку поголеми се шансите да се заинтересираат.

7. Процесот за пријавување треба да е едноставен. Во ниеден случај не е добро да направите апликација од 10 страни или процес што не дозволува талентите да се пријават од удобноста на нивниот омилен уред. Сето тоа треба да биде изведено на начин што во секое време им овозможува на кандидатите брзо, лесно и едноставно да се пријават за работното место, кога сакаат и од каде сакаат.