Како да ги задржите добрите вработени

36

rabotnik

Задржувањето на исклучителните вработени е од клучно значење за стабилност и успех на вашиот бизнис. Менаџерите се согласуваат дека задржувањето на најдобрите вработени обезбедува задоволство кај клиентите, поголема продажба на производот/ услугата, задоволни соработници, ефикасно планирање и добра организација.

Ако не успеете да ги задржите најдобрите вработени, тоа може да ве чини многу. Нивното заминување доведува до изгубени знаења, време, несигурни соработници и потрага по соодветни кандидати. Овие неколку совети може да ви помогнат да ги задржите вашите исклучителни вработени, пишува The Balance.

Јасно поставени работни задачи

Задоволниот работник јасно знае што се очекува од него секој ден на работа. Промената на очекувањата им предизвикува стрес и чувство на несигурност. Работите, секако, не треба да останат статични, но можете да им понудите конкретна рамка во која јасно ќе знаат што се очекува од нив.

Добар надзор

Квалитетниот надзор од страна на претпоставениот е од клучно значење за задржување на работникот. Луѓето почесто ги напуштаат менаџерите и супервизорите отколку компаниите или работата. Менаџерот има важна улога во задржувањето на вработениот и треба јасно да му посочи што се очекува од него.

Вработените најчесто се жалат на нејаснотии во врска со очекувањата и недостаток на повратни информации за ефикасноста.

sansa

Слобода за претставување на идеи

Слободата на вработениот да зборува за неговите идеи во компанијата е уште еден клучен фактор за негово задржување на работа. Ако вашата организација споделува идеи и нуди средина каде вработените се чувствуваат удобно во обезбедувањето на повратни информации, тогаш тие се слободни да критикуваат и да се посветат на постојано подобрување. Доколку ситуацијата е обратна, постои опасност од нивно заминување.

Обуки, едукација…

Исклучителните вработени бараат можности да учат и ги надоградуваат своите знаења и вештини. Ако не им понудите нови можности да работат со добри тимови, да присуствуваат на семинари, обуки… тие ќе стагнираат. Чувството дека не им нудите растење ќе направи да заминат од вашата компанија.

Фото: Pixabay