Како да ги засакате утрата и да се навикнете да станувате рано

38

Фото: Pexels

Можеби ова ви звучи невозможно, но навистина постои начин да ги засакате утрата. Доколку и вие имате проблем со рано станување, прочитајте во продложение како да си го олесните.

Направете си план за утрата

Разбудете се, вежбајте и јадете во исто време секој ден. Најчесто проблемите со станувањето рано наутро се јавуваат поради викендите и одморите. Затоа, потребно е и за викендите да станувате рано, дури и кога сте останале до подоцна претходната ноќ.

Користете паметен аларм

Секое утро, користете различна музика за будење и симнете посебна апликација којашто нема класиченo snoozе копче коешто ќе ви дозволи да поспиете уште 5 минути. Наместо алармот што го имате во телефонот, симнете Smart Alarm или Math Alarm.

Не спијте со затемнети ролетни

Доколку собата во којашто се будите е темна, ова ќе му прати сигнал на вашиот мозок дека уште не е време за будење. Собата наутро треба да биде осветлена од утринското сонце.

Вежбајте

Вежбањето наутро му помага на телото да се разбуди. Затоа, важно е да одвоите време да трчате, да возите велосипед или да го прошетате кучето. Доколку и тоа е невозможно вежбајте неколку минути во домот.

Протеински појадок

Испијте чаша јогурт, направете си јајца за појадок, одберете од многубројните енергетски мусли и овошје Ваков оброк ќе ви даде сила за да го почнете денот и ќе ве држи будни.