Како да го истакнете својот талент без премногу фалење?

68

prv

Фото: Pixabay

Самопромоцијата може да биде непријатна за многу луѓе. Не е лесно да се одговори на прашањето како да го промовирате вашиот талент, а при тоа да не изгледате како некој фалбаџија пред останатите.

За таа цел треба да научите како правилно да се промовирате себе си.

Без многу објаснувања

Фоскусирајте се на фактите, не објаснувајте премногу. Никој нема да навлегува во подлабоки расправии доколку кажете дека страствено ги следите социјалните мрежи или сте активен блогер веќе 10 години.

Но, ако се претставите како експерт за социјални мрежи или било што ќе поттикнете дискусија и ќе бидете тестирани за таа ваша стручност. Без разлика колку сте добри во нешто, оставете ги другите да ви го препишат тој епитет.

Доколку самите се претставувате како експерт, ќе делувате дрско и ризикувате да добиете многу негативни рекации и коментари.

Важна е приказната

Важно е да ги покажете своите знаење и умеења, а не само да зборувате за нив. Доколку само кажете дека сте одлични во привлекување на инвеститори ќе звучите егоистично.

Но, ако споделите со останатите вистинска приказна за тоа како сте успеале да привлечете финансии, ќе им овозможите на луѓето сами да донесат суд за вашите вештини.

Самопромоцијата најдобро фунцкионира кога ќе се направи природно без наметнување. Целта е да се надоврзете во вистинскиот момент, а не само туку така да “објавите” дека сте експерт за одредена работа.

Клучот е во скромноста

Важно е да знаете да покажете скромност и понизност во моментите на самопромовирање. Тоа не значи дека треба да ги криете вашите способности. Треба да имате одредена доза осетливост и да процените кои ваши успеси и кому можат да предизвикаат љубомора или чувство на пониска вредност.

Така, кога настапувате со доза на искрена понизност и добро смислена самопромоција, придонесувате и другите околу вас да се чувствуваат добро во својата кожа. Вие ќе ги истакнете вашите успеси, а при тоа никој нема да биде љубоморен или загрозен.