Како да го менаџирате старт – ап тимот

24

tim

Фото: Pexels

Водењето на старт – ап бизнис не е лесна работа. Постојат подеми и падови со коишто се соочува претприемачот. Победи и порази, учење од грешки, работа под притисок се дел од “играта“. Одбивања од инвеститори и потенцијални бизнис партнери се случуваат често, но предизвикот станува сè поголем. Менаџирањето на вашиот тим и поставување на вистинскиот пат може да биде предизвикувачки. Овие совети ќе ви помогнат како да управувате со вашиот тим, пишува Inc.

Бидете урамнотежен лидер

Во целиот “хаос“ вие како лидер треба да бидете стабилна основа за вашиот тим. Тоа значи дека не треба да бидете еуфоричен кога нешто добро ќе се случи, ниту депресивен кога ќе доживеете неуспех. Потрудете се да бидете урамнотежени. Гледајте позитивно дури и во најлошите ситуации и задржете го позитивниот став.

Славете ги победите, но не жалете јавно за неуспехот

Никогаш не дозволувајте вашиот противник да дознае дека сте вознемирени поради тоа што сте направиле грешка или доживеале неуспех. Од друга страна, ако успеете прославете го вашиот успех.

Претставувајќи се како победник оставате траен впечаток. Како победник станувате сериозен противник кој е тешко да се победи. Може да доживеете и разочарување, но задржете го во внатрешниот круг и тимот нека учи од грешките.

Финансиските активности оставете ги за себе

Финансирањето е работа што генерално е резервирана извршниот директор на стартапот. Многу инвеститори сметаат дека е невообичаено некој друг, освен директорот да присуствува на состанок каде се говори за финансирање. Стекнувањето на капитал е тешка работа и потенцијалните инвеститори обично поставуваат “тешки“ прашања што вие не би сакале да ги одговорите пред вашиот тим (на пример: што би презеле ако работите не одат според планираното? Дали би го намалиле бројот на вработени?).

Комуникацијата со вашиот тим е важна, но деталите за секојдневните подеми и падови може да бидат морален “убиец“. Ако научите правилно да комуницирате и да ги споделувате вистинските информации, тогаш ќе бидете добар мотиватор и лидер во водењето на вашиот старт – ап.