Како да го надминете епскиот неуспех

16

uspeh-neuspeh

Фото: Pixabay

Терминот “епски неуспех“ е често користена фраза, која кај разлчни луѓе има различно значење. Најчесто тоа се вели кога нема да се постигне целта, која претставува есенцијален дел од нашиот живот. Тоа може да биде неуспех во бизнисот кој секогаш сме сакале да го имаме или можеби книга која сме сакале да ја напишеме.

Доколку го вложиме сиот труд, внимание, нашето срце и душа во проект кој навистина многу ни значи и ако тоа не успее, тогаш говориме за епски неуспех. И ако се случи тоа, што понатаму треба да направиме?

Можете да се послужите со оваа формула која ќе ви помогне да продолжите понатаму во нови животни предизвици:

1. Престанете да се жалите

Да, сите ваши напори не го дадоа очекуваниот резултат. Да, тоа е разочарувачки. Но, секоја секунда која ја поминувате жалејќи се за ситуацијата, вие само го бетонирате неуспехот. Пожалете се еднаш или два пати на некоја блиска личност и потоа престанете.

2. Преземете одговорност

Вашиот неуспех не е резултат на пазарот, конкуренцијата, потрошувачите, економијата или било што друго што е надвор од вашата контрола. Не сте успеале бидејќи не сте биле доволно паметни.

Доколку од старт ги обвинувате надворешните фактори за вашиот неуспех, тогаш вие ја оставате вашата иднина на среќата и на неконтролираните околности. Затоа преземете ја одговорноста дека неуспеавте во целта и продолжете да живеете.

3. Простете си

Откако ќе преземете целосна одговорност за епскиот неуспех, тогаш ќе можете да си простите самите на себе. Меѓутоа треба да запаметите дека не постои нешто како “џабе вложен труд“, и може да се гордеете со фактот што сте дале се од себе. Претпоставувајќи дека тоа сте го сториле.

4. Славете го неуспехот

Ова е најтешкиот дел, меѓутоа и најважен. Запомнете дека е невозможно да имате епски неуспех, доколку не сте сакале да постигнете нешто епско. Сонувавте за големи епски нешта, а истото тоа го прават скоро цело време 99% од луѓето. И ќе беше прекрасно доколку успеевте, но вистинскиот губитник не е оној кој вложува се и губи, туку оној кој воопшто не се обидува. Затоа славете.

5. Преиспитајте се себе си

Излезете од ситуацијата и поставете си ги овие прашања:

  • Што направив и успеа?
  • Што направив и не успеа?
  • Што требаше/можев да направам различно?
  • Што погрешив комплетно?

Бидејќи е епски неуспех во прашање, тогаш треба барем една недела да размислувате на овие прашања и да направите детална анализа.

6. Поставете си нови цели

Сега дојде време да го ставите неуспехот во минатото. Се случи тоа што се случи и научивте нешто од тоа искуство. Едниственото прашање сега е: Дали собравте доволно емоционална сила да можете да продолжите понатаму во животот и да се обидете повторно?

Бидете искрени кон себеси. Ако одговорот е НЕ, тогаш сте завршиле со остварувањето на таа цел. Поставете си нова цел, која комплетно ќе ве мотивира.

Меѓутоа ако одговорот е ДА, тогаш дајте се од себе и верувајте дека успехот ќе дојде.

7. Креирајте нов план

Базиран врз лекциите што ги научивте од епскиот неуспех, креирајте нов план за акција кој ќе ве одведе до целта. Доколку си поставивте нови цели, тогаш овој план ќе ве возбуди и наполни со енергија.

Меѓутоа, доколку се уште се чувствувате депримирано и демотивирано, тогаш не сте го направиле претходниот чекор. Вратете се назад на 6 и вистински одлучете за идните постапки. Мора да бидете 100% сигурни и посветени на целта, бидејќи во спротивно не вреди да го посветувате вниманието.

8. Проверете го планот

Сега кога имате план, покажете го на некоја доверлива личност која има искуство во остварувањето на ваква цел. На пример, доколку сакате да основате сопствен бизнис, претставете му го вашиот план на локален претприемач и слушнете ги неговте критики.

9. Извршување на планот

Преземете голема акција за да го создадете моментот и да можете да ја реализирате вашата цел. Секогаш кога нешто ќе ве потсети на вашиот епски неуспех, искористете ја енергијата како поттик за понатаму.