Како да го “преживеете“ првиот месец како претприемач

10

Кога се одлучувате на сопствен бизнис, притисокот може да биде голем особено во првиот месец. Примарниот доход доаѓа од вас самите и зависите од сопствениот успех.

За работите да бидат малку полесни, еве што треба да направите.

Распоред

Не смеете да се оставите без распоред на обврските. Во спротивно, ќе одложувате или ќе се преоптоварите со работа. И едното и другото нема да биде од полза за бизнисот. Ако не за секој ден, направете неделен распоред по којшто ќе се водите без отстапки.

Финансии

Од исклучителна важност е да бидете внимателни со парите. Дури и да имате константен прилив, не заборавајте дека секогаш треба да чувате резерва настрана. Не знаете кога среќата ќе ве заобиколи.

Контакти

Одржувањето на контакти е важно за секој бизнис. Без разлика дали сте долги години претприемач или само што сте започнале да градите сопствена компанија, присуствувајте на секој настан каде што може да запознаете нови луѓе, но одржувајте контакт и со старите пријатели.

Маркетинг

Маркетинг стратегијата е исто така многу важна. Нека ве “има“ насекаде, градете го вашиот бренд, претставувајте го соодветно, дури и ако мислите дека не е потребно. Не се знае следното утро што ќе донесе.

Фото: Pexels