Како да го “скршите мразот“ со новите колеги

27

mraz

Фото: Pexels

Една од најважните работи кога ќе почнете да работите на ново работно место е прилагодување во нова работна средина. Многумина се однесуваат инертно и не знаат како да го скршат мразот кога ќе влезат во новата канцеларија.  Колку брзо ќе се вклопите во новата средина зависи од вашиот карактер. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го скршите мразот кога ќе треба да се запознаете со новите колеги во вашата нова канцеларија.

Бидете активни од првиот ден

Не се кријте во вашата канцеларија, велејќи си дека запознавањето за колегите ќе го оставите за следниот ден. Преземете иницијатива и појдете да се претставите пред колегите, не очекувајте дека вашиот менаџер можеби ќе го стори тоа за вас, бидејќи може да нема време. Затоа, излезете од вашата канцеларија со насмевка и обидете се да запомните неколку имиња од вашите нови колеги.

Прво набљудувајте, потоа носете одлуки

Секоја личност има свој карактер и не можете уште првите денови да ги знаете односите помеѓу колегите. Набљудувајте ги меѓучовечките односи на вашите колеги неколку недели, а потоа донесете заклучок.

Бидете забавни и љубезни

Вашето чувство за хумор може да ви помогне кога станува збор за стекнување на нови пријатели на работното место. Но, внимавајте да не навредите некој. Љубезноста, исто така, е доблест која се цени.

Извршувајте ги работните задачи

Ако добро ги извршувате вашите работни задачи ќе бидете ценете од вашите колеги, во спротивно ќе станете товар за нив.

Не се обидувајте да станете популарни

Многумина не сакаат кога новиот колега ќе стане главна тема на разговор уште на самиот почеток. Тоа ќе ви донесе само несакано внимание од сите страни.