Како да го заштитите бизнисот од измами

22

Постојаната трка по пари, престиж и информации не ретко принудува на измами и лаги. Измамниците понекогаш толку вешто се сокриени што е навистина тешко да се препознаат.

scam-2048851_960_720

Фото: Pixabay

Еве неколку трикови како да не западнете во “канџите“ на измамата и да бидете оштетени.

Дознајте со кого си имате работа

Ако сте се запознале само онлајн или не сте сигурни каков бизнис е во прашање, направете мало истражување. Анализирајте ја фотографијата на Интернет или пребарајте дали и други луѓе или компании соработувале со таа личност/компанија.

Не избрзувајте

Измамниците честопати се преправаат дека се некој од доверба, член од фамилијата, добротворна организација, компанија со којашто соработувате… Не избрзувајте со давање пари или информации кога неочекувано ќе ви бидат побарани, без разлика да станува збор за СМС порака, телефонски повик, имејл и слично.

Зборувајте со некого

Најдете човек кому вистински му верувате. Објаснете дека се сомневате во измама и побарајте да ви помогне на соодветен начин. Доколку не сте сигурни, не се обидувајте сами да ја решите ситуацијата.

(Лажна) Порака за ВАС

Не отворајте сомнителен текст, поп – ап прозорчиња или мејлови, туку избришете ги. Ако не сте сигурни, верификувајте го идентитетот на контактот на соодветен начин.

Писмена потврда

Усните ветувања не значат ништо. Настојувајте секогаш кажаното да го добиете во писмена форма. Пред да потпишете, задолжително прочитајте го договорот и дискутирајте за евентуални нејасни точки.