Како да го заштитите вашиот бизнис

27

ograda

Фото: Pexels

Неколку корисни совети како да го заштитите вашиот бизнис.

Направете проценка на ризикот

Проценката секогаш започнува со идентификување на слабите точки. Можеби веќе знаете кои делови од вашиот бизнис се најподложни на криминал, но сепак направете темелна проценка за да не бидете изненадени.

Обезбедете ги вашите простории

Доколку има потреба, обезбедете ги вратите, прозорците и целиот простор со сигурносни заштитни системи, што ќе можат да идентификуваат провалници. Можеби ќе ве чини малку повеќе, но кога се работи за заштита и безбедност не треба да се штеди.

Заштитете се себе си и вашите вработени

Вие и вашите вработени треба да ги имате основните познавања и тренинг, за тоа што треба да се преземе во случај на сериозна закана за бизнисот. Подобро да ги дадете материјалните добра отколку да бидете повредени додека се обидувате истите да ги одбраните. Вашите вработени треба да умеат да распознаат сомнително однесување кај лицата кои влегуваат во вашиот објект, затоа обезбедете ја потребната обука.

Обезбедете ја опремата

Вршете редовни ревизии на недвижностите и опремата и распределете ја одговорноста на вработените за нив. Исто така, бидете сигурни дека возилата со кои располага компанијата се заштитени.

Спречете кражба од страна на вработените

Пред да вработите некого добро разгледајте го нивното досие, профилот и препораките. Запознајте ги со политиката на компанијата, за тоа што може да се случи некој да направи кражба. Внимавајте кога давате клучеви, кодови или било каков пристап на вработените. Секој случај на кражба треба да биде најстрого казнет.

Спречете кражба на информации

За да ги заштитите доверливите информации, вклучувајќи и финансиски извештаи на клиенти и детали за вработените, строго контролирајте го пристапот на документацијата во компјутерите со лозинки и сличен систем на заштита. Менувајте ги лозинките често и постојано бидете запознаени кој има пристап и до какви информации. Обезбедете го вашиот софтвер и од надворешни закани со фајрвол и антивирусни програми.

Уништување хартии со доверливи информации

Не ни помислувајте да ги фрлите во корпа за отпадоци. Криминалците можат да ја искористат важната информација, која вие мислите дека сте ја уништиле. Обезбедете специјални канти што не можат да се отворат или едноставно уништете ја хартијата на најпрактичен начин.