Како да им ги честитате празниците на деловните партнери и колеги?

24

lampion

Фото: Pexels

Ако ви е смачено секоја година да пишувате ист текст на честитките за своите деловни партнери, соработници и колеги, оваа година обидете се со нешто поинаку. На пример, обидете се за секого да напишете нешто посебно. Истакнете го позитивното што е карактеристично за таа личност или за вашиот деловен однос. Оној за кого е наменета пораката нека почувствува дека е пишувана исклучиво за него. Така ќе се почувствува битен за компанијата и за тимот.

Не заборавајте на вработените. Применете го овој принцип и на нив. Таквиот пристап ќе ги направи полојални кон вашата компанија и подобро ќе функционирате како тим.

За да имате успешен бизнис, треба да ги негувате добрите односи со соработниците и колегите. Сега е вистинско време да им покажете колку ги цените и почитувате.