Фото: Pexels
Во вашата визит – карта не може да ја раскаже целата историја на компанијата за која работите, но треба да биде впечатлива за луѓето на кои ја давате да ја запаметат и да се издвојува. Постојат безброј дизајни за визит – карта, но сепак за да постигнете ефект во поврзувањето со другите соработници потребно е да внимавате на следниве правила:
Бидете концизни
Не ја полнете визит – картата со информации што се непотребни. Наведете го во неа вашето име и презиме, позиција, имејл адреса и број на телефон. Доколку има премногу информации, само ќе ја збуните личноста која ја има во раце вашата визит – карта. Затоа, визит картата треба да биде кратка и концизна.
Избегнете ја темната боја
Избегнувајте вашата визит – карта целосно да биде прекриена со боја, не оставајќи бел простор на неа. Ако картичката е целосно прекриена со боја, примателот нема да може да запише нешто на неа. Кога ќе се определите за финалниот дизајн и информациите кои ќе стојат на неа, мора добро да размислите и за печатењето, бидејќи изгледот на вашата визит – карта не завршува со фотошопот. Проверете дали се добро изработени во печатницата.
Бидете сигурни дека е читлива
Придржувајте се до стандарден фонт. Интересните фонтови се забавни, но сепак за нив има време и место, а визит – картата не е вистинското место. Ако сакате да ја “украсите“ визит – картата, ставете лого кое е интересно дизајнирано, а текстот оставете го едноставен и јасен.
Секогаш имајте нова визит – карта
Ако ја имате сменето работата или позицијата, а немате нова картичка никогаш не ја користете старата. Внимавајте на тоа секогаш да дадете нова, неизвиткана и чиста визит – карта на соговорникот.