Како да инвестирате во време на корона – стратегии што треба да ги следите

348

Корона кризата којашто го зафати целиот свет не донесе проблеми само за здравството, туку и за економијата. Со оглед на овие околности, многумина избегнуваат инвестиции за време на епидемијата. Секако, тоа има смисла затоа што најверојатно ќе бидеме погодени од рецесија, но пред да се случи тоа, добра идеја е да планирате однапред и да одлучите за вашата стратегија за инвестиции.

Американски претприемач, технолошки инвеститор и инфлуенсер Оливер Ајзак,  истакнува: “Рецесијата не значи дека сите инвестиции треба да престанат, тоа само значи различни индустрии и инвестиции се побезбедни од другите“.

Стратегија за инвестирање за време на коронавирус

Одберете нискоризични инвестиции

Рецесијата не е време за експериментирање или ризици, сега е најважно да се игра на сигурно. Насочете се кон пронаоѓање на компании со добар проток на пари и мали долгови.

Не инвестирајте само во еден сектор

Кога станува збор за инвестирање, потребно е да се водите од изреката “Не ги ставајте сите јајца во една корпа“. Во инвестициска смисла тоа значи дека не треба да инвестирате само во еден сектор.

Инвестирање во недвижнини

Рецесијата за жал ќе донесе огромни загуби во многу индустрии, но недвижнините обично не се меѓу нив. Рецесијата доведува до пад на вредноста на куќите, што значи дека ќе може да купите недвижнина по пониска цена и продадете за поголем износ, откако ќе закрепне економијата и пазарот.

Злато, сребро и други благородни метали

На пазарот на суровини, златото зазема посебно место затоа што ја задржа својата вредност во периоди на несигурност и рецесија. Среброто, исто така, има тенденција да биде безбедна инвестиција за време на рецесија, а благородните метали генерално се релативно безбедна опција за инвестирање.

Фото: Pixabay