Како да изберете идеален кандидат за работа

16

lugjhe

Фото: Pixabay

Вработувањето на вистински работник е предизвикувачки процес. Ангажирањето на погрешен работник е скапо за вашата компанија и одзема скапоцено време.

Без разлика дали барате работник за голема или мала компанија, бидете сигурни дека ги следите овие чекори во процесот на вработување:

Наместо да поставувате ирелевантни прашања, фокусирајте се на запознавање на способностите, знаењето, вештините, довербата, ставот и потенцијалот на кандидатот.

Кога објавувате слободни работни места во вашата компанија, поставете јасни барања како што се:  одговорности, потребното образование, искуство, знаење и вештини. Тоа ќе ви помогне во оценување на кандидатите и привлекување кандидати кои ги исполнуваат сите ваши одговорности и барања.

Исто така, добра идеја е да се вклучат и други луѓе во процесот на евалуација, бидејќи повеќе мислења можат да доведат до наоѓање на вистински кандидат за работното место.

Постојат одредени правила што може да ги користите за да го ангажирате вистинскиот работник во вашата компанија.

Барајте посветен работник

Лице посветено на неговата кариера е кандидатот што сакате да го вработите. Сигурно не сакате да ангажирате работник кој често ги менува работните места само за да добие повисока плата. Ако кандидатот не е лојален ангажирањето на оваа личност би можело да биде проблем за вашиот бизнис.

Секогаш проверувајте го периодот на работа на кандидатот во претходните компании, ако за краток временски период ги менува работните места, тогаш тој не е идеален кандидат.

Тестирајте ги  аналитички вештини и желбата за учење на кандидатот

Обидете се да користите различни методологии за да ги оцените учењето и аналитичките вештини на вашите кандидати. Тестирањето на кандидатите може да биде незгодно, но не ги оценувајте кандидатите само врз основа на нивната биографија и нивната самодоверба бидејќи резимето може да содржи лаги.
Кандидатот со самодоверба е одличен, но она што навистина го сакате е кандидат кој има вистински вештини и образовни барања.

Фокусирајте се на достигнувањата на кандидатот

Фокусирајте се повеќе на достигнувања кога интервјуирате. Дознајте како кандидатите ги постигнале своите достигнувања.

Не ги заборавајте стажантите

Ангажирањето на стажант може да биде вистински избор за компанијата. Веќе ги знаете нивните силни страни, слабости, вештини, знаења, ставови, ниво на доверба.