Како да изградите одличен бренд

17

brend

Фото: Pixabay

Брендот е синоним за углед и како другите гледаат на вас. Дали сте генијалец, експерт, може ли да ви се верува, што претставувате, кон што целите? Што прво им паѓа на памет на луѓето кога ќе слушнат за вас?

Кога го креирате брендот треба да размислите за вашето лого, боја, име, силна порака, како и системите за поддршка. Сето ова е само на почетокот на процесот на брендирање, а овие неколку совети ќе ви помогнат да изградите одличен бренд.

Кои сте и што работите

Ова е комплицирано прашање. Треба да кажете со што се занимавате, но и јасно да дадете до знаење во што сте различни и уникатни од останатите.

Како луѓето гледаат на вас

Во градењето на брендот потребно е да знаете што луѓето мислат за вас. Може да дознаете што другите мислат за вашиот бренд преку пребарување на интернет, одржување на фокус група (блиски пријатели) или да ангажирате агенција којашто ќе спроведе истражување во ваше име.

Вашиот бренд е лична работа

Корисниците се поврзуваат за луѓе, затоа сè треба да биде лично. Понудете некои детали од вашиот приватен живот, дозирано и со мерка. Претставете се на веб страна, кажете како настанала идејата, што ве инспирирало. Покажете им на своите корисници дека зад брендот стои човек со кој може да се поистоветат.

Останете професионални

За да опстане довербата помеѓу вашиот бренд и корисниците, мора да бидете професионални. Лого, визит картички, веб страна… Организирајте се како да немате следна прилика наредните пет години. Однесувајте се кон својот бренд како што сакате и корисниците да се однесуваат кон него и никогаш не се откажувајте од поставените планови.

Не се обидувајте да ги задоволите сите

Никогаш не можете да ги задоволите сите бидејќи тоа е невозможно. Не плашете се да бидете свои, дури и ако тоа значи дека треба да кажете работи што другите не би ги кажале. Запомнете, не сте во бизнисот за ги задоволите сите, туку да го развивате бизнисот.