Како да изградите силен бренд

59

jaze

Фото: Pexels

Конвенционалната мудрост вели дека градење на силен бренд подразбира создавање на кул бренд име, рекламирање на тој бренд за потенцијалните купувачи и пренесување на пораката на брендот во сите интеракции со клиентите.

Сепак, конвенционалната мудрост греши. Бренд маркетинг не може да се создаде, ниту да се изгради, ниту пак да го зајакне брендот. Брендот е секогаш одраз на квалитетот на производот. Не постојат исклучоци од ова правило.

Да биде појасно зошто ова е така, треба прво да се дефинира поимот бренд. За повеќето луѓе бренд е надворешноста: името на брендот, логото, мотото. Да се размислува на овој начин за бренд е исто како за вашиот партнер да мислите дека е колекција на кожа, облека и зборови. Суштината на брендот не е надворешноста, туку она што го чувствувате за производот или услугата. Целта на елементите на брендот не е да ги предизвикаат тие чувства, туку да ве потсетат на нив. Ако вашите чувства во врска со производот се негативни, оние бренд елементи само ве потсетуваат на тоа колку не ви се допаѓа производот, пишува Inc.com.

Создадете производи што ќе ги воодушеват вашите клиенти

Секогаш кога ќе ги воодушевите клиентите, тоа му додава вредност на брендот. Ако имате низа на одлични производи, корисниците ќе заборават на повремените пропусти. Слично на тоа, кога ќе се изиритираат клиентите, се намалува вредноста на брендот и на крај може дури и да згасне, па дури и ако го промените вашиот начин на работа и излезете со нови производи. Може да треба да поминат години за корисниците да ја вратат довербата.

Единствениот начин да се изгради силен бренд е да се создадат и продаваат производи што ќе ги воодушеват вашите клиенти. Ако не успеете во овој основен чекор, тогаш бренд маркетингот не е само губење на пари, туку е и активно контрапродуктивен.

Затоа, ако сакате да изградите силен бренд, вложете ги вашето време и пари во креирање и продажба на најдобар можен производ. Потоа, ако ви остане нешто од парите, користете бренд маркетинг за да се рашири она што го нудите.