Како да “излезете на крај“ со луѓе кои не ви се допаѓаат

27

Фото: Pixabay

Можеби е тешко или невозможно да ги елиминирате контактите со луѓе со кои сте на “различна бранова должина“, но со помош на неколку трикови можете задоволни да “излезете на крај“ со нив.

Прифаќање на реалноста

Не може секој да му се допадне секому. Тоа е реалноста и што побрзо ја прифатите тоа подобро за вас. Треба само да научите да функционирате (доколку морате) со некој кој има различни мислења, гледишта и ставови за многу работи.

Одбивање на влијание

Ако овие луѓе имаат негативно влијание врз вас, едноставно отфрлете го и потсетете се дека само вие имате контрола врз своите чувства. Не им дозволувајте да ви го направат денот мизерен. Понекогаш доволно е само еден поглед и насмевка, за да ги одбегнете сите дискусии што нема да ви донесат добро.

Ништо лично

Понекогаш луѓето реагираат лошо поттикнати од своите проблеми. Вие само сте се нашле во погрешно време и на погрешно место. Обидете се ситуацијата да ја гледате објективно и во пошироки размери.

Смирено објаснување

Целта да излезете победник од ситуацијата е да му објасните на соговорникот смирено, што е тоа што ви задава главоболки од неговото/нејзиното однесување. Притоа, клучно е да не се фокусирате на обвинување, туку на тоа како вие се чувствувате кога другата личност прави вака или онака.

Дисконекција

Колку можете, воздржете се од контакти со луѓето кои не ви се допаѓаат. Не останувајте во нивна близина повеќе од потребното. Ако работите со некој таков, минимизирајте ги контактите и разговорите. Самите поставете си граници до каде може да дојде интеракцијата со нив.