Како да ја донесете вистинската одлука

26

odluka

Фото: Pexels

Размислете онолку колку што треба, здружете се со времето, направете тест, послушајте ги внатрешните гласови и прочепкајте низ минатото, вели Goodlife Zen.

Слушајте ги инстинктите, но не по секоја цена

Не им се противете на инстинктите, тие ни помогнале да преживееме како човечки род. Сепак, не се водете исклучиво од нив. Нека биде тоа комбинација од разумно размислување и претчувство. Едноставно, пред да одлучите, прашајте се зошто сакате да ја донесете токму таа одлука.

Проверете ги алтернативите

Внимателно разгледајте ја секоја алтернатива од повеќе агли. Како би било ако одлучите вака или онака. Замислете ја ситуацијата што би се случила и како вие би се чувствувале во врска со тоа. Дали ќе бидете среќни, задоволни, неисполнети, збунети…?

Вратете се во минатото

Луѓето имаат селективна меморија. Не можеме да помниме сè, од причина што мозокот ги задржува само оние работи што ни биле важни и што предизвикале силна емоција. Прочепкајте малку низ минатото и може ќе наидете на слична ситуација или проблем. Сетете се што се случило, како сте одлучиле и што предизвикала таа одлука кај вас.

Времето е ваш сојузник

Оставете да помине малку време. Тоа е секогаш ваш сојузник кога треба да донесете одлука. Заборавете ги моменталните емоции. Ако сте преплавени со чувства и алтернативи, дозволете му на времето да си го направи своето – да ги избистри мислите.

Гледајте на одлуката како да е тест

Замислете си дека ќе бидете оценувани за одлуката што ќе ја донесете и веднаш ќе обрнете повеќе внимание на неа. Исто како да сте на тест – другите ќе делат оценки за вашата логика.

Дали е навистина така?

Оставете ги за момент работите што се прифаќаат онакви какви што се и запрашајте зошто и дали тоа е навистина така. Дали тоа важи за сите или има исклучоци? Донесете одлука базирана на вашиот случај, не се повикувајте на останатите слични.

Донесете конкретна одлука

Можете бескрајно да правите анализи на донесената одлука и да се измачувате што ќе биде понатаму. Кога тогаш ќе мора да престанете. Донесена е, реална е и така останува. Штом ќе излезе од вашите мисли и ќе биде во реалниот свет, време е да престанете да ја преиспитувате и да се фокусирате на тоа што следи.