Како да ја донесете вистинската одлука

one-way-street-1991865_960_720

Фото: Pixabay

Секој ден се соочуваме со ситуации во животот кои бараат да направиме некаков избор. Некои одлуки се лесни, но некои може да бидат многу тешки. Потешките одлуки бараат “подлабоко“ размислување бидејќи носат промени во животот.

Носење добра одлука е метод што може да се научи. Поседувањето на оваа вештина им помага на менаџерите и бизнисмените да решаваат проблеми и да го изберат најдобриот пат. Процесот чекор по чекор е најефикасен начин да се донесат одлуки коишто ќе имаат позитивно влијание на краткорочните и долгорочните цели на компанијата. Во носење на добри одлуки потребно е да се преземат следниве чекори:

Идентификување на целта

Една од најефикасните стратегии за носење на одлуки е да внимавате на својата цел. Тоа значи дека треба да најдете одговор на прашањето кој е проблемот што треба да реши и зошто треба да реши. Кога ќе откриете што е најважно за вас тогаш ќе може да донесете добри одлуки.

Собирање на информации

Следниот чекор што треба да го преземете е собирање на што повеќе информации за да донесете одлука заснована на податоци и факти. Запрашајте се што треба да знаете за да ја донесете вистинската одлука и побарајте кој од вработените треба да биде вклучен во носењето на одлуки.

Наоѓање на алтернативи

Откако ќе имате јасна слика за проблемот, време е да идентификувате различни решенија што ви стојат на располагање. Кога имате повеќе опции во процесот на донесување на одлуки може да направите избор на најдоброто решение.

Процена

Со овој чекор треба да оцените колку е изводливо и прифатливо решението и да направите проценка кое решение е најдобро. Менаџерите ги согледуваат добрите и лошите страни од понудените решенија, а потоа го избираат она кое има најголеми шанси за успех.

Преземање акција

Следниот чекор е креирање на план за спроведување. Пренесете го планот пред останатите вработени. Нивното вклучување е клучна компонента за ефикасно извршување на планот.

Преиспитување на одлуката

Важен чекор во процесот е оценување на ефикасноста на донесената одлука. Запрашајте се што не е добро, а што може да се подобри следниот пат.