Како да ја подобрите вашата емоционална интелигенција

23

industry-2630319_960_720

Фото: Pixabay

Од голема важност е да работите на вашата емоционална интелигенција. Затоа, еве неколку примери како да ја подобрите.

Испитајте ги емоциите

Треба добро да се познавате себе си и сопствените реакции. На пример, како реагирате кога читате мејл во којшто некој ве критикува. Колку побрзо успеете да ги идентификувате сопствените емоции подобро ќе владеете со нив.

Прашајте ги другите за мислење

Другите нè гледаат со поинакви очи, не како што се доживуваме самите. Затоа, прашајте ги пријателите или блиските колеги како сте реагирале во одредени ситуации. Одговорите може да ве изненадат.

Контролирајте ги сопствените чувства

Самоконтролата е најважната карактеристика на емоционално интелигентните луѓе. Трикот е во тоа да умеете да реагирате како што треба и во непредвидливи ситуации.

Не се навредувајте

Не е лесно да се прифатат критики, но од нив најмногу се учи. Искористете ги да се подобрите онаму каде што треба.

Реакција на стресни ситуации

Дали обвинувате други и им се лутите дури и кога тие не се виновни. Ако одговорот е “да“ веднаш преземете нешто околу тоа. Бизнис светот не функционира така, емоциите треба строго да се контролираат и не само на работа, туку и во сите сфери од секојдневието.

Бидете флексибилни

Да се биде емоционално интелигентен значи умешност за приспособување на секоја ситуација. Кога е време за промена, клучно е да се прифати истата без разлика дали сте подготвени или не. Флексибилноста како карактеристика е од голема полза лично за вас и за останатите од вашето опкружување.