Како да ја “продадете“ вашата идеја на шефот

144

idea

Претставувањето на идејата не е лесна задача, особено кога треба да го убедите вашиот шеф. Имате одлична идеја за нов проект, маркетинг иницијатива којашто ќе допре до нова публика, идеја за ново лого или ефикасен начин на организирање на тимот. Од една страна сте возбудени за инвентивноста, но од друга загрижени за тоа како шефот ќе ја прифати вашата идеја.

Потребно е да бидете подготвени да ја “продадете“ вашата идеја, а тоа значи целосно разбирање и способност да објасните зошто вашата идеја е толку важна. Идентификувајте го проблемот и објаснете кое е вашето решение. Бидете подготвени да одговорите на тешки прашања и напишете ја идејата за да може шефот и останатите колеги да го видат предлогот на хартија.

За да го убедите вашиот шеф дека сте во право, следете ги овие совети за да ја “продадете“ вашата идеја.

Завршете ја “домашната задача“

Обрнете внимание на деталите. Ако работите не се добро испланирани нема да го добиете тоа што го барате. Запрашајте се која ќе биде користа на компанијата, како ќе ја подобри културата и како ќе се вклопи во големата слика. Луѓето добиваат одлични идеи секој ден, но честопати не размислуваат за тоа какви ресурси им се потребни, кој ќе ја заврши работата и колку чини.

klupa

Претставете ја идејата пред колеги

За да бидете сигурни дека вашата идеја е добра побарајте мислење од колега во кој имате доверба. Претставете го вашиот предлог, дефинирајќи ја пречката на која се однесува идејата и решението коешто го предлагате како и придобивките од нејзиното прифаќање. Нивните прашања и фидбек може да ви бидат од голема корист ако имате празнини коишто треба да се пополнат.

Одберете вистинско време

Одберете вистинско време за претставување на вашата идеја. Најлошото нешто што можете да го направите е да ја презентирате вашата идеја откако е донесена голема одлука во компанијата.

Посочете ги тековните проблеми

Иако звучи непријатно, мора да укажете на постоечките тешкотии и проблеми во компанијата коишто би можеле да бидат решени преку спроведување на вашата идеја.

Фото: Pixabay