Како да ја развиете самодисциплината

29

samodisciplina

Фото: Pexels

Постојат многу важни квалитети коишто можат да придонесат за достигнувањата на една личност, но може да се каже дека единствено самодисциплината создава одржлив и долгорочен успех во сите аспекти на животот (исхрана, фитнес, работна етика…).

Ниеден личен успех, достигнување или цел не може да се реализира без самодисциплина. Тоа е способност да ги контролирате емоциите, желбите, однесувањето. Поседувањето на самодисциплина значи способност за донесување на одлуки, преземање на акции без разлика на пречките и непријатностите коишто може да ви се испречат на патот.

Дисциплината не значи ограничување или рестриктивен начин на живот или откажувањето од сè во што уживате. Тоа значи насочување на својот ум и енергија кон остварување на целите и да истраете додека не ги исполните.

Самодисциплината е научено однесување, потребна е практика и повторување во секојдневниот живот, а овие неколку совети ќе ви помогнат да ја развиете самодисциплината која е неопходна за постигнување на целите.

Направете план

Подгответе стратегија. Без разлика дали сакате да ги зголемите добрите навики (да вежбате почесто или сакате да ги елиминирате лошите навики), ќе треба да развиете план за акција што ќе ви помогне да ги достигнете вашите цели.

Отстранете ги искушенијата

Кога работите на развивање на самодисциплината, еден од чекорите што треба да ги направите е да го отстраните сето она што ви го одвлекува вниманието. Ако се обидувате да имате подобра контрола врз вашето јадење, “фрлете“ ја брзата храна. Ако сакате да го подобрите фокусот додека работите, исклучете го вашиот мобилен телефон, блокирајте веб страни коишто ви го одвлекуваат вниманието и отстранете го нередот од вашето биро.

Наградете се

Кога ќе постигнете некоја од поставените цели – наградете се, а потоа поставете си нова цел и нова награда. Мотивацијата е важна за постигнување на успех.

Движете се напред

Воспоставувањето на нов начин на размислување не секогаш ќе се одвива според планот. Ќе доживеете подеми и падови. Клучот е да продолжите понатаму и кога ќе доживеете неуспех. Не дозволувајте фрустрацијата и грижите да ве оттргнат од развивањето на самодисциплината. Простете си ја грешката и со позитивни мисли продолжите да чекорите напред.