Како да ја развиете вашата харизма

142

5

Секој е способен да ја развие својата харизма. Сигурно познавате личност која штом ќе влезе во просторијата веднаш го привлекува вниманието на останатите. Некои личности се чини дека имаат природна харизма што ги прави успешни во социјални ситуации. Од друга страна, има и личности кои немаат харизма. Тие може да бидат најпаметни, но ако ги оставите во просторија и им речете да запознаат нови личности остануваат незабележливи. Ако се соочувате со ваков проблем овие неколку совети ќе ви помогнат да станете харизматична личност.

Развијте самодоверба

Самодовербата може да ви помогне да станете харизматична личност. Не треба да бидете арогантни, но исто така не треба да делувате срамежливо и исплашено. Не зборувајте само за она што го знаете. Можете да бидете отворени и за други теми кои се непознати за вас и да покажете дека сте љубопитни.

Поставувајте прашања

Поставувањето на вистински прашања е одличен начин да воспоставите разговор. Луѓето сакаат да разговараат за себе и сакаат да разговараат за она што ги интересира. Харизматичната личност помалку зборува за себе, а повеќе слуша што другите имаат да кажат. Со поставување прашања, можете да најдете заеднички области на интерес, а тоа ќе ви овозможи да ги проширите темите за разговор.

Контакт со очи

Соодветниот контакт со очите покажува дека слушате, дека се грижите и дека ја прифаќате другата личност. Гледањето надолу или постојано менувањето на погледот покажува дека сте незаинтересирани и дека вашиот фокус лежи на друго место.

Правилно држење на телото

Научете правилно да го држите телото. На овој начин се чувствувате посигурни и ве тера да се вклучите во разговорот.

Користете хумор

За да бидете харизматични треба да знаете кога и каков хумор да користите. Времето на кажување шега е исто толку важно како и содржината. Прочитајте го расположението на другите пред да кажете шега.