Фото: Pixabay
Една од најважните работи во бизнисот е да се задржи довербата кај клиентите. Токму затоа грижата за нив треба да биде на највисоко ниво.
Топло добредојде
Клиентите ќе бидат повеќе наклонети кон вас доколку се почувствуваат ценети и почитувани од компанијата. Тие умеат да насетат кога вие сте среќни што ги гледате, преку малите гестови и сигнали како тонот на вашиот гласот, екпресијата на лицето, држењето на телото, па дури и од начинот на облекувањето. Сите овие нешта испраќаат силна порака до нив.
Наградете ја лојалноста
Ако умеете да ги задржите клиентите, вашите приходи ќе се зголемат. Истражувањата покажуваат дека добивањето на нов клиент ќе ве чини шест пати повеќе отколку обидот да го задржите стариот. Затоа многу повеќе е исплатливо да ги задржите веќе постоечките клиенти. Прашањето е следно – Што вие како компанија превземате за да ја задржите довербата на клиентите? Стремете се да ги наградувате лојалните клиенти, направете да се почувсвуваат дека ги избрале вистинските луѓе. Покажете им со дела колку ви значи тоа што повторно го избираат вашиот производ или услуга.
Намалете го факторот на ризик – Обезбедете врвна услуга
Секогаш кога еден клиент реши да сврти нов лист, односно да најде нов бизнис за соработка, тој прави проценка на ризик факторот. Ги разгледува можностите и квалитетот што новиот бизнис би ги понудил. Но, доколку вие им понудите одличен квалитет и услуга, значително го зголемувате нивното задоволство и ја намалувате желбата да се свртат кон конкуренцијата.
Така вие ќе го намалите факторот на ризик и ќе ги задржите клиентите. Внимавајте на евентуалните знаци на незадоволство кај клиентите. Одвреме навреме направете прашалници во врска со задоволството од услугата, дознајте што клиентите мислат и исправете ги грешките доколку ги има.
Накусо кажано, фокусирајте се на постојаните клиенти и нивните потреби и забелешки, со тоа ќе заштедите многу повеќе време, пари и енергија, отколку ако постојано се трудите да најдете нови клиенти.