Како да ја зголемите продуктивноста на вработените

24

pexels-photo-515169

Фото: Pexels

Задоволните вработени се и продуктивни вработени.

Запознајте ги подобро

Одвојте време да ги запознаете своите вработени. Дознајте ги нивните интереси, ставови, способности, аспирации, предизвици. Ќе откриете скриени таленти што можат многу да придонесат за компанијата.

Разговарајте, информирајте

Комуницирајте со вработените, правете го тоа често и бидете концизни. Кажете им што очекувате од нив. Информирајте ги за случувањата со бизнисот. Сите сакаат да знаат што се случува во компанијата, без разлика дали се тоа добри или лоши вести, особено кога промените се поврзани со нив.

Дозволете им да донесуваат одлуки

Голема мотивација за вработените е слободата сами да донесуваат одлуки, односно да бидат вклучени во процесот. Ова особено важи за одлуки што влијаат на нивната работа. Не ги изоставајте луѓето кога треба нешто заеднички да се реши.

Бидете ментор, инспирирајте

Бидете добар слушател, бидете присутни во секој сегмент од работењето. Прашувајте ги дали им треба нешто, дали има нејаснотии во врска со задачите, понудете им помош, менторство, водете ги во процесот. Охрабрете ги да преземаат ризици и дајте им до знаење дека неуспехот е само дел од иновативното размислување и постигнување на целта.

Наградете го успехот

Покажете им дека се радувате на нивниот успех и доделете им ги заслугите. Ако станува збор за нешто навистина големо, наградете го вработениот, односно тимот. Не дозволувајте да помине незабележително, нема ништо полошо за намалување на мотивацијата кај луѓето.