Фото: Pixabay
Моќта на убедувањето е вештина што една личност ја поседува. Таа е една одлика на карактерот што многу помага доколку знаете правилно да ја користите. Моќта на убедувањето може да се употреби во различни сфери, за различни потреби, со различни луѓе – во ваша корист.
Среќна околност е што постојат корисни совети, тактики изведени од успешни примери, што можат да се научат и употребат во дадената ситуација.
Еве некои од нив:
Повторувајте за да привлечете внимание
Многу претприемачи грешат кога мислат дека доволно е да ја претстават својата идеја со многу ентузијазам. Но, вистината е дека поголемиот број на луѓе ги игнориаат (несаканите) информации, освен ако не ги чујат неколку пати во усна или пишана форма. Тоа не значи дека треба да досадувате, но имајте на ум дека денес, кога сите сме преплавени со информации, потребно ни е некој да ни го одвлече вниманието со нешто.
Пратете ја пораката со контекст важен за примачот
Одбегнувајте апстрактно или техничко објаснување кое може да го разбере само оној кој е длабоко навлезен во проблематиката. Користете едноставен речник, разбирлив за секого и секако, испорачајте ја пораката во форма што другата страна сака да ја чуе или прочита.
Прво слушајте, потоа зборувајте
Без разлика дали сакате да допрете до инвеститор, партнер, клиент, морате прво да слушате за да дознаете што е она што го/ја интересира и како е тоа поврзано со вашата идеја. На пример, ако станува збор за креативна личност што се води според интуицијата, воздржете се од логички и аналитички податоци.
Материјализирајте ја својата идеја
Луѓето секогаш повеќе го вреднуваат тоа што можат да го допрат, почувствуваат, отколку зборовите или идеите. Неоспорно е дека вие имате визија за нешто, но тоа не значи дека и другите ќе го видат истото. Затоа барем за почеток идеите ставете ги на хартија како проект или презентација.
Покажете доказ дека и други се заинтересирани како вас
Социјалните мрежи се моќна алатка за тестирање на вашите идеи со минимален трошок и ризик, а имаат голем потенцијал за ширење и примена на вашата порака, од страна на вистинските луѓе. Така ќе покажете дека сте способни и подготвени својата идеја да ја спроведете на дело.