Фото: Pexels
Постојано сме во некаква трка и се жалиме дека немаме време. Но, дали е тоа баш така? Експертите велат дека време има за сè, само треба правилно да се менаџира со него. Еве што советуваат:
Престанете со навиката
Откако ќе увидите дека имате проблем со менаџирање на времето, пристапете кон решавање на истиот. Излезете од навиката, очигледно таа не ви годи.
Ефективно планирање
Како и со други дисциплини, ефективното планирање на времето се учи и се усовршува со тек на време. Најважно е да знаете да планирате. Докажано е дека со секоја минута потрошена на планирање, се заштедуваат 10 минути на дејствување.
Планирајте го секој ден однапред
Најдете ја алатката што најмногу ви одговара, било да е тоа обичен лист хартија или модерен електронски календар и секоја ноќ правете план за следниот ден. Поставете си го прашањето “Како најдобро можам да ги искористам времето?” и оставете мислата да тече.
Секој дел од денот со посебна задача
Наутро е најдобро време да се посветите на најприоритетните и најтешките задачи. Како што одминува денот фокусирајте се на останатите работи, повторно подредувајќи ги по важност. На крај сработете ги оние кои бараат најмалку труд и концентрација.
Приоритизирање и фокусирање
Кога ќе започнете да ја рашавате најважната задача во денот, целосно фокусирајте се на неа. Една од најголемите грешки во тајм менаџментот е да започнете повеќе работи одеднаш, а да не завршите ниедна од нив.
Минимизирајте ги работите што одвлекуваат внимание
Сето она што може да ви го одвлече вниманието како телефонот, интернетот, разни мејлови, колегите, размислувања од типот “а што ако…”, сведете го на минимум. Направете се што е потребно и не дозволувајте некој или нешто да ви го одвлекува вниманието.