Како да направите супер презентација за инвеститорите

315

preyentacija

Фото: Pixabay

Привлекувањето на капитал од инвеститори и бизнис ангели за вашиот старт – ап е тешко и одзема време. Затоа, од клучно значење е да подготвите добра презентација со којашто ќе ги претставите услугите или производот пред потенцијалните инвеститори. PowerPoint презентацијата е одлична алатка за презентирање на продуктот на компанијата, технологијата, тимот, финансиите и треба да биде добро подготвена. Овие неколку совети ќе ви помогнат да создадете темелно презентирање на вашиот старт – ап, пишува All Business.

Клучни слајдови во вашата презентација

Мисија / визија на компанијата – објаснете кои се вашите цели.

Тим – за повеќето инвеститори тимот е најважен. Претставете го тимот кој ќе работи на вашиот старт – ап (фотографии, какво искуство имаат).

Проблем – дефинирајте го проблемот, колку е голем, зошто е важен, за кого го решавате.

Решение и можности за пазарот – објаснете зошто вашето решение е најдобро на пазарот.

Производ – објаснете каков производ или услуга нудите, зошто е уникатен/а, кои се клучните карактеристики.

Клиенти – ако компанијата има клиенти од претходно наведете ги во презентацијата со тоа ќе добиете поголем кредибилитет.

Технологија – инвеститорите се заинтересирани за технологиите (зошто технологијата е или ќе биде супериорна.

Конкуренција – инвеститорите сакаат да знаат кои се конкурентите на компанијата и по што се разликувате од нив.

Бизнис модел – инвеститорите сакаат да го разберат вашиот бизнис план, затоа во овој слајд објаснете како ќе заработувате, кои се цените на производот/ услугата…

Маркетинг план – без разлика колку е добар вашиот производ или услуга мора да имате добар маркетинг план за да привлечете корисници или клиенти. Посочете кои канали ќе ги користите (социјални медиуми, телевизија, радио…).

Финансии – инвеститорите сакаат да бидат информирани за тековната финансиска состојба на компанијата и предложените идни планови (месечно или годишно губење пари додека компанијата е во развој и маркетинг на своите производи).

pari

Фото: Pixabay

Што треба да содржи презентацијата:

Интересни графикони и фотографии.

Испратете PDF формат до потенцијалните инвеститори пред да се одржи состанокот.

Покажете примерок од вашиот производ кога ја вршите презентацијата.

Раскажете незаборавна и интересна приказна преку која ќе ја покажете вашата страст кон бизнисот.

Понудете аудио запис.

Внимавајте на техничките карактеристики во презентацијата  (во слајдовите користете ист фонт, боја , одделување на наслови, меѓунаслови, итн.)

Што не треба да содржи

Презентацијата не треба да содржи повеќе од 20 слајдови (инвеститорите имаат ограничено време). Ако сметате дека треба да додадете повеќе информации вклучете ги како прилог.

Не користете премногу текст во еден слајд.

Не ставајте премногу финансиски детали, за кои подоцна може да се разговара.

Не користете жаргони и акроними бидејќи инвеститорот може да ве разбере.

Не ја потценувајте конкуренцијата.