Како да направите впечатлива презентација

103

prezentacija

Фото: Pixabay

Без разлика дали сакате да претставите некој проект, производ или да изложите идеја пред инвеститор или вашиот тим, презентацијата треба да го освои нивното внимание. Со цел да остварите успешна презентација што ќе ги исполни вашите и очекувањата на публиката, овие неколку совети од Inc ќе ви помогнат во реализацијата:

Проценете ја публиката

Треба да дознаете колку знаење има публиката за вашата тема. Но, треба да дознаете и што е важно за нив. Кога ја креирате вашата презентација, запрашајте се колку публиката има познавање за темата што ќе се презентира. Прилагодете ја презентацијата специјално за нив. Првите 30–тина секунди од обраќањето се пресудни дали публиката ќе ве следи или не. Затоа, мора да се потрудите да ве слушаат, а тоа може да го направите поставувајќи интересно прашање, да кажете кратка приказна и слободно може да се пошегувате.

Зачинете ја презентацијата

Со успешното започнување на презентацијата не значи дека сте ја “добиле” публиката. Следниот чекор е да продолжите да ја држите фокусирана преку поставување на прашања, користење на реални примери, употреба на слики и видеа. Овие техники помагаат во задржување на вниманието на публиката.

Бидете ентузијасти

Ентузијазмот не значи дека треба да излезете надвор од рамките на презентацијата, туку да покажете дека сте заинтересирани за конкретната тема на природен и автентичен начин. Може да ги потрошите последните минути од презентацијата разгледувајќи ги главните точки.

Заклучок како мотивација

Заклучокот има потенцијал да влијае на ефикасноста на вашата презентација. Со вашиот заклучок давате насока на публиката и ги инспирирате да ве следат понатаму. Тоа започнува како повик за акција, но е повеќе од кажување што треба да прават. Целта е да им кажете зошто треба да го направат.