Како да не ја “носите“ работата дома

21

Фото: Pixabay

Доколку ја “носите“ вашата работа дома, не само што ризикувате да бидете понапнати и нервозни, туку го загрозувате односот со семејството и пријателите. Можеби сте од оние кои веруваат дека ако го проверуваат мејлот кога ќе дојдат дома или ако проверуваат што се случува на работа додека се во домот тоа нема да влијае на другите, но грешите. Еве три причини кои треба да ве одвратат од идејата да мислите на работата 24/7.

Ги зголемува шансите за развој на депресија

Честа причина зошто луѓето ја носат работата дома е поради тоа што немаат доволно време да ги завршат сите обврски до крајот на работното време. Но, тоа не само што го зголемува стресот, туку и создава немир и несигурност. Истражувањата покажуваат дека луѓе кои работат по 11 часа дневно, двојно повеќе се изложени на ризик од развој на депресија, од оние кои работат осум часа дневно.

“Увезувате“ и стрес за блиските

Кога работата ја носите дома, не само што немате време за семејството и пријателите, туку и кај нив го пренесувате стресот што го доживувате. Со други зборови, стресот на работа предизвикува и стрес во домот и обратно. Затоа, договорете се сами со себе – кога сте дома, уживајте со пријателите, семејството и не мислете на ништо други.

Не дозволувајте тоа да го наруши вашето здравје

Доколку осум часа сте под стрес, кога ќе дојдете дома, посветете си малку време за себе. Уживајте во мали ритуали што можат поволно да влијаат не само на расположението, туку и на здравјето. Ако размислувате само и само на работата, ќе бидете напнати, што може да предизвика и одреден проблеми со здравјето. Затоа, не го дозволувате тоа!